426
Самка Ибраимовски, претседател на ПЦЕР за денеска во 11.30 има најавено голем собир на Ромите пред зградата на Владата каде ќе бидат објавени аудио снимки од прислушуваните разговори.
Најавено е дека ќе се обелоденат снимки на кои се слуша како се местеле изборите во Шуто Оризари, како се уценувале гласачите, како се купувале нивните гласови и како власта им се одмаздувала на тие што се противеле.
Пред Владата има голем број на демонстранти од ромската популација и се очекува објавување на материјалите. Од ПЦЕР повикаа да им се приклучат сите граѓани.