482
Судот на правдата на Европската унија денеска треба да донесе одлука по жалбата на Полска и Унгарија против новиот механизам за поврзување на европските фондови и почитување на владеењето на правото.
Полска и Унгарија тврдат дека механизмот не обезбедува правна сигурност и ги нарушува договорите на Унијата.
Според мехнизмот, Унијата може да го суспендира или намали финансирањето од ЕУ за земјите-членки поради недостатоци во владеењето на правото кои влијаат или сериозно ризикуваат да влијаат врз финансиските интереси на ЕУ на „доволно директен начин“.