Нова средба на работните групи на која ќе се разгледуваат предлозите за реформа во медиумската сфера ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници, соопштуваат од канцеларијата на посредникот Питер Ванхауте.
Вчера свој предлог доставија и од СДСМ, од каде велат дека нивните понудени решенија се идентични со оние на посредникот. Провладините медиуми утрово пренесуваат неофицијални реакции од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и од ДПА, дека за овие партии решението на СДСМ не е прифатливо
Двете главни точки во делот за медиумите се реформи во Советот на Агенцијата за медиуми и во Јавниот сервис.
Според предлогот на Ванхауте членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги би се избирале со двотретинско мнозинство во Парламентот, и треба да бидат професионалци и докажани експерти, со мандат од пет години со можност за реизбор. Се предлага директорот на Агенцијата да го именува Советот.
На различни позиции се и двете новинарските здруженија, ЗНМ и МАН.