Битолчани побараа Владата да го врати сјајот на Офицерскиот дом

by Фокус

Стотици битолчани синоќа се собраа пред Офицерскиот дома во Битола на мирен протест со барање објектот да се врати во владение на Општина Битола и да се стопира продажбата. Битолчани побараа Владата да издвои пари од републичкиот буџет за реконструкција на поранешниот дом на АРМ, јави Канал 77.

Собирот што се одржа под мотот „Да го вратиме Офицерски дом на Битола и битолчани“ беше во организација на опозициските партии во Битола.

Офицерскиот дом во Битола, во 2010 година беше вратен на општина Битола. Но локланата власат освен ветувања не стори ништо за негова обнова и враќање во функција. Објектот продолжи да пропаѓа и лани повторно премина во државна сопственост.

Пред неколку денови настанаа кавги меѓу владејчката партија и опозицискиот СДСМ околу продажбата на Офицерскито дом во Битола. Премиерот Никола Груевски во последен момент го повлече предлогот за негова продажба.

Поврзани новости