493
Денеска во Клубот на пратениците во Скопје треба да продолжат средбите на работните групи на четирите партии за постигнување договор за специјален јавен обвинител.
Вчера по неколку билатерални средби на медијаторот на Европската комисија Питер Ванхојт, беше одржана средба на работната група која заврши без договор. Се разговара за бројот на заменици обвинители на специјалниот јавен обвинител. СДСМ бара 12, а можно е да падне договор за шестмина заменици обвинители.
Евроамбасадорот Аиво Орав вчера изјави дека мора да се испочитува 15 септември, дека нема отстапување од датумот, со цел излез од политичката криза.