Обвинетите во „Монструм“ денеска ќе прозборат пред Апелација

by Фокус

Во скопскиот Апелациски суд за денеска е закажана расправата за случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Првата расправа беше закажана за јули, но беше одложена поради тоа што двајца од обвинетите во случајот, Хаки Азири и Агим Исмаиловиќ не беа спроведени од затворот во Идризово.

Според првостепената пресуда, шестмина од обвинетите добија доживотни казни затвор, а едно лице беше ослободено од обвинение поради немање докази.

Поврзани новости