665
Ад хок телото за медиуми денеска повторно ќе се обиде последниот петти член, кој треба да биде Албанец. Рокот за комплетирањето на ова тело истече вчера, а напомош дојдоа и странски дипломати.
За денеска нова седница на телото закажал директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски, иако според Изборниот законик, директорот на Агенцијата единствено ги именува членовите на ова тело откако тие претходно ќе бидат избрани, а потоа телото работи самостојно.
Според неофицијални информации, во најтесен избор за петтиот член останале Даут Даути и Сафер Тахири, но членовите на ад хок телото не можеле да се договорат.