ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ никогаш не сакала слободни медиуми

by fokus

Да сакаше СДСМ слободни и фер медиуми, немаше да бара да го назначува главниот уредник на информативната редакција на МТВ, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пропадна приказната со која што СДСМ прогласи академици за фантоми, а во истата категорија ги смести и нивниот пулен Најчевска и сестрата на Радмила Шекеринска, заедно со уште 30.000 наши сограѓани. За да го покрие овој голем срам, СДСМ прогласува за експерти некои луѓе кои повеќе пати се качиле на ладата на нивните протести и луѓе кои насилнички се заканувале кон новинари, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од влдејачката партија додаваат дека Ад-хок телото за медиуми ја има целосната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за да го избере најдобриот кандидат.

Поврзани новости