Денеска ќе се одржи комеморација за Ферус: Преку наши сеќавања да ја спомнеме неговата големина!

by fokus

Денес во МОБ ќе се одржи комеморацијата за легендарниот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов, кој почина во својата 72-ра година, по кратко боледување.

Од Здружение на естрадни уметници на Македонија – Естрада, известуваат дека комеморацијата ќе започне во 11 часот.

-Комеморацијата за нашиот колега, другар и почесен член на ЗЕУМ ,,Естрада”, нашиот Маестро Ферус Мустафов, ќе се одржи во Четврток, на 25ти Мај, во 11 часот, во фоајето (холот) на Националната опера и балет (МОБ).
Ве покануваме заедно да искажеме последна благодарност и љубов кон нашиот колега и пријател и да ја спомнеме неговата големина преку нашите сеќавања за него-истакна Горјан Стојановски, претседател на здружението.

Мустафов беше погребан пред два дена на гробиштата Камник, во Скопје.

Вики Клинчарова

Поврзани новости