Граѓаните денеска ќе бираат шеф на државата кој ќе ги води во следните пет години.
На гласачките места кои се отворија утрово на 24 април во 7 часот, граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за еден од седумтемина кандидати за претседател на државата, што е најголем број на кандидати во историјата на претседателските избори.
Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани.
Ќе можат да гласаат и граѓаните кои не успеаја да ги сменат личните документи со името Северна Македонија, согласно Преспанскиот договор. Бидејќи државата не успеа навреме да го организира процесот на замена на документите на сите државјани, Собранието донесе закон со кој се дозволи гласање на овие избори со стари лични документи.
За функцијата Претседател на Република Северна Македонија се натпреваруваат 7 кандидати. Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски е прв на листата за претседателските избори. Втора е Гордана Сиљановска-Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Четврт на листата е Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска-Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и седми е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ.