Денеска ќе биде погребан Драгослав Шекуларац

by fokus

Денеска во 14.30 часот во Белград ќе биде погребан еден од најдобрите фудбалери со потекло од Штип, Драгослав Шекуларац.

Тој беше легенда на Црвена звезда и еден од најголемите фудбалски шармери во овој регион.

Опелото ќе се одржи од 14 часот, додека пак комеморацијата ќе биде во 11 часот во Медија центарот на стадионот „Рајко Митиќ“.

Драгослав Шекуларац почина на 5. јануари во 82 година од животот, како последица од мозочен удар. Смртта на Шеки ги растажи сите фанови од поранешните југословенски простори, кои се воодушевуваа на неговите неверојатни партии во Црвена звезда.

Поврзани новости