Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно и ветровито, а на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд. На некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 19 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 17, Битола 19.
Облачно со обилни врнежи од дожд ќе биде и утре, кога на повеќе места, особено на запад, се очекува да наврнат локално и над 60л/м2 воден талог. Утре ќе почне да дува северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Во четврток на планините на север и запад ќе има слаби врнежи од снег. Утре дневните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а во четврток и петок од 8 до 14 степени, прогнозира УХМР Македонија.