Денеска е погребана прилепчанката Дениса Маркоска

by Фокус

По долго исчекување, Институтот за судска медицина вчера потврди дека телото е на 23-годишната прилепчанка Дениса Маркоска, која пред два месеци мистериозно исчезна во водите на Егејското море.

Денеска таа беше погребана на градските гробишта во Прилеп, откако посмртните останки на девојката вчера беа пренесени во нејзиниот дом. Нејзините родители до последен момент се надеваа, дека тоа не е нивната ќерка и како потврда за тоа ги чекаа резултатите од обдукцијата на Судска медицина.

Дениса Маркоска исчезна на 12 септември од бродот Серенисима и се уште не се знаат причините за нејзината смрт.

Поврзани новости