Денеска дожд, за викендот сончево

by fokus

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови. Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.

Врнежите ќе запрат за време на викендот. Во сабота максималната температура ќе достигне до 23, а во недела до 24 степени. Во понеделник ќе има услови за дожд во вечерните часови, а температурите ќе бидат слични на денешните.

Поврзани новости