На судењето за „Монструм“ ќе се читаат СМС пораки поврзани со петкратното убиство

by fokus

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Монструм“, каде што им се суди на обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро што се случи на 12 април 2012 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да се почне со изведување на 133.000 СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапнци на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Поврзани новости