Денеска дожд, во вторник и среда температури до 23 степени

by fokus

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни (локално над 20л/м2). Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 17 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид 15, Битола и Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 19, Дојран 18.

Утре и задутре не очекува сончево и потопло врме со максимални температури до 23 степени. Слично ќе биде и в четврток, кога максималната температура се очекува да достигне до 22 степена, со тоа што во попладневните часови во западните делови ќе има услови за локален дожд.

В петок, пак, времето ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и максимална температура до 19 степени.

Поврзани новости