Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.
На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Познато е за јавноста дека ваков тип на пријави се чести изминатиот период во дел од училиштата во Скопје, за кои по направените проверки е утврдено дека се лажни.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неколку пати досега има изјавено дека имаат сознанија од каде се испратени мејловите и дека се работи за хибридна закана.