Која е богатата златарка која падна од брод?

by Fokus

Со голем интерес светските медиуми со денови наназад ја следат приказната за Дилек Ертер (71) турската сопственичка на брендот за накит ,,Тифани” која исчезна на 26-ти октомври, за време на крстарење со крузер на Тахити. Според првичните вести, таа наводно паднала од бродот, а нејзиниот љубовник, маж од Швајцарија, го пријавил исчезнувањето дури по 20 часа.

На снимките на безбедносните камери се гледало како некој паѓа во морето, но телото на Дилек се уште не било пронајдено. Според објавите во турските медиуми, Дилек била родена во Истанбул, но последните години најчесто била во Менхетен, каде имала изложбен салон за нејзиниот накит. Првата продавница за накит ја отворила во Истанбул во 1995 година, и важела за една од најуспешните жени во Турција. Во 1982 година се омажила со бизнисменот Хусеин Јалчинкај, со кого го добиле синот Гокче Атука.

Се разделила со сопругот во 2004 година, а нивниот син денес бил на позицијата генерален директор на „Тифани“. Настанот со нејзиното исчезнување од бродот се уште е мистерија. Нејзиниот љубовник од Швајцарија, чиј идентитет не се открива во јавност, бил распрашан, но поради недостиг на докази бил ослободен.

Причината поради која парот тргнал на крстарење бил роденденот на Дилек, кој сакала да го прослави на Бора Бора на 5-ти ноември, а крстарењето требало да заврши на Хаваите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости