ВМРО ДПМНЕ за денеска најави нова блокада на улиците низ Скопје, но останати градови низ земјата. Според опозициската партија, денеска од 15 до 16:30 часот ќе се блокираат раскрсниците пред Владата и кај Министерството за надворешни работи (МНР), додека во 18 часот ќе се оддржат протести во 15 градови ширум државава.
– Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси, велат од партијата.
– Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ и ги повикува граѓаните да им се приклучат.