433
Денеска времето ќе биде сончево и топло, а ваквото време ќе се задржи до вторник претпладне.
Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје сончево и топло време, со максимална температура до 23 степени.