450
Во Кавадарци до 17 часот излегле 65,94 гласачи на вториот круг од локалните избори. Во споредба со првиот круг на гласање, излезеноста е поголема за 6 проценти. Гласањето се одвива без проблеми.
И во Демир Капија досега има поголема излезеност во споредба со првиот круг. До 17 часот гласале 76,59 проценти, што е за 5,5 проценти повеќе од првиот круг. Во Росоман гласале 66 проценти од граѓаните со право на глас, додека во Градско излезеноста е 62,25 проценти.
Според ОИК, не се регистрирани проблеми во овие општини.
В.К.