Во интерес на Северна Македонија е да има добри односи со Грција, како што секако важи и обратното, ова го диктираат геополитичките услови во регионот, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендис во интервју за „Реалњуз“. Тој уште еднаш ја изразува поддршката на Грција за европската перспектива на нашата земја, под, како што вели, поставените услови.
-Основен критериум за постигнување на оваа цел е почитување на одредбите и духот на Договорот од Преспа и унапредување на добрососедските односи. Дека во самиот договор постојат проблематични точки, е познато, а Нова демократија, тогаш како опозиција, навремено го изрази нејзиното спротивставување за конкретните членови. Но, Договорот од Преспа е во сила и мора да се спроведе на правилен начин – вели Дендиас.
Според него, не треба да се даваат погрешни изјави „што предизвикуваат емотивни реакции кај грчкиот народ“, бидејќи, како што истакнува, таквите изјави „не помагаат во подобрувањето на климата во билатералните односи и не ја зајакнуваат европската перспектива на земјава“.