Дендиас: Ги продлабочуваме односите со Северна Македонија, но нема да толерираме непочитување на договорот

by fokus 13:05
13:05

Ги продлабочуваме односите со Северна Македонија, но нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во неговото обраќање во грчкиот Парламент, за време на расправата за буџетот за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија говореше за сите аспекти на надворешната политика на Грција, а во однос на Балканот истакна дека земјата одново се поставува како силна и стабилна европска земја и како столб на стабилност.

- Advertising -

-Практично ја поддржуваме интегративната перспектива на земјите од Западен Балкан, како главна оска на нашата политика. Ги продлабочуваме односите со Северна Македонија, во рамките на заемно корисната соработка, но имајќи јасно поставено на знаење дека нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното, рече Дендиас.

Поврзани новости