820
Градот Штип денеска прогласи ден на жалост, откако вчера двајца негови жители загинаа во сообраќајна несреќа. Животите ги загубија Р.Шалев (30) и К.Петров (41), двајцата вработени во штипскиот затвор.
Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 19 часот, кога возилото со кое оделе на работа излетало од патот и завршило во реката Брегалница. Нивните колеги кои биле во второ возило веднаш зад нив излегле да помогнат, но не успеале да ги спасат.
Уште не е познато дали двајцата штипјани загинале како последица на ударот или пак се удавиле во реката. Тоа треба да го утврди истрагата која е во тек.