273
Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација на Владата се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември.
Најавена е бесплатна посета на музејски и галериски поставки во ликовните салони и археолошки локалитети низ целата држава, тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметничка програма.