Ден Дончев на распит во полициска станица за снимката со парите

by Frosina Fakova

Поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев попладнево бил во полициската станица Карпош, каде бил повикан да даде изјава за снимката со парите.

Од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ велат дека не е точно дека Дончев бил приведен, туку бил уредно повикан да даде изјава за објавените снимки. Повикан бил да даде изјава во 16 часот, во полициската станица Карпош, според местото на неговото живеење, каде се задржал половина час и си заминал, без никакви мерки.

По објавувањето на снимките, Обвинителството соопшти дека нема да постапува по нецелосни снимки туку порача дека снимките треба да се достават до МВР и Обвинителство за да постапува.

По ова, МВР го повикале на распит за да утврдат од кога е снимката, а неговиот повик да даде изјава не било по налог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде се водат други предистраги за Дончев.

 

Поврзани новости