Стартуваше протестот на незадоволните граѓани од исходот во сускиот случај „Монструм“. Тие тргнаа од трговскиот центар „Чаирчанка“ кон Бит-пазар и планот им е своите барања уште еднаш да ги повторат пред споменикот на Скендер бег во Старата скопска чаршија.
Додека се движат по булеварот кај Бит-пазар демонстрантите извикуваат „УЧК“, носат транспарентни на кои пишува дека осудените во случајот „Монструм“ се казнети со измислени докази и оти осудените не се терористи. Држеа говор на албански пред кордонот полицајци пред трговскиот центар „Мавровка“.
Организаторите на протестот бараат да се разреши обвинителката и судијата во случајот, оставка на министерката Гордана Јанкулоска, а од министерот за правда од редовите на ДУИ бараат да се изјасни за затворските казни на демонстрантите од пред еден месец.
Протестите ќе продолжат, велат организатроите, се до исполнувањето на барањата