500
Откако влегоа во дворот на Владата и маваа со јајца и тоалетна хартија, дел од демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог, продолжија кон Собранието. И таму ја пробија заштитна ограда и влегоа на тревникот и на Собранието.
Извикуваат „Никогаш бугарска, само Македонија“ и „Никогаш северна, само Македонија“. Скандираа и „Оставка“.
Од протестот на кој беше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, партијата вршеше и директен пренос на Фејсбук, но истиот беше прекинат пред Владата и не продолжи пред Собранието.
ФОТО: Скриншот од пренос на Радио Слободна Европа