558
Поворката со демонстранти кои се револтирани од одлуката на Иванов за општа аболиција тргна кон неговата канцеларија која се наоѓа на Рекорд. Денешниот протест започна пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на ова тело.
Според планираната рута, протестот од канцеларијата на Иванов треба да продолжи пред Собранието, но сите приоди кон него се целосно затворени со голем број полициски кордони, хермелини и водени топови.