Демонстрантите снимени од сомнително лице

by Фокус

На вечерашниот протест на Шарената револуција се случи мал инцидент откако непознато лице ги снимаше демонстрантите. Многумина го забележале и го прашале кој е и зошто ги снима, но не добиле одговор.

По реакцијата на граѓаните „снимателот“ се повлекол и се сокрил позади полицијата. Сомнежите на демонстрантите се дека се работи за полициски снимател во цивилка. Претходно, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Чавков, им се закани на демонстрантите дека се се снима од страна на МВР.

ФОТО: Мета

 

 

Поврзани новости