Две групи на демонстранти вечерва ќе протестираат во центарот на Скопје.
Граѓаните кои протестираат против аболицијата и за одложување на изборите, по деветти пат се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство. Протестот го организира граѓанската инцијатива „Протестирам“, од каде пред се бараат итно повлекување на одлуката за аболиција на политичарите, оставка на претседателот Ѓорге Иванов и одложување на изборите закажани за 5-ти јуни.
Се уште не се знае во кој правец ќе го водат демонстративниот марш, затоа што пред Собранието во 19 часот почнува контра-протестот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
Овие демонстранти пак, ќе протестираат за одржување на избори во јуни и како што велат, против деструктивното сценаријо на опозицијата.