361
Од пред Владата демонстрантите се упатија кон ЕУ инфо центарот за да порачаат дека нема да дозволат да се преговара со криминалци. Сега незадоволните граѓани се таму и велат дека не сакаат преговори меѓу партиите. Се пее македонската химна и се извикува „Слушнете ги граѓаните“. На моменти ситуацијата е тензична и има туркање со полицијата.
Инаку, Европската унија во петок ги покани лидерите на четирите најголеми македонски партии на преговори во Виена. Велат дека не станува збор за да се постигне нов договор, туку Договорот од Пржино да се спроведе до крај. ВМРО-ДПМНЕ прифати да учествува на оваа средба, додека СДСМ рече дека ќе се консултира со граѓанскиот сектор.