Демонстрантите му порачаа на Коѕијас да не ни се прави пријател, кога бара наше делегитимирање

by fokus

„Народен фронт за спас на Македонија“ денеска организираше протестен марш против промена на уставното име на Република Македонија. Маршот почна од Триумфалната порта, а заврши пред Министерството за надворешни работи.

-Протестираме директно против негаторите на македонскиот народ и идентитетот на Македонија. Не може Коѕијас денеска да дојде овде и да ни глуми пријател, а да бара да се делегитимираме самите себе пред светската јавност, рече Страшо Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет.

Тој додаде дека грчкиот народ е окупатор на македонска територија поради вршењето геноцид врз македонскиот народ.

Поврзани новости