526
Во 18 часот и денеска почна протест од Шарената револуција. Незадоволните граѓани како и секој ден се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство. Денешниот главен транспарент е „Став наместо страв!“ и со тоа демонстрантите сакаат да му покажат на министерот Чавков дека не му се плашат и покрај тоа шти ги снима и тоа што неколку активисти за човекови права деновиве беа повикувани на информативни разговори во полиција.
Од Специјалното јавно обвинителство, незадоволните граѓани се упатија кон Собранието, исто како и на вчерашниот протест. Со себе повторно носат кукли со ликовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ затворени во кафези и во затвореничка облека.