Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се приклучи на протестот против уставните измени пред Собранието, но иако беше повикан не се обрати на импровизираната бина.
Неколкупати, преку микрофонот на импровизираната говорница демонстрантите го повикаа Мицкоски да се обрати на граѓаните и јавно да им каже дали ќе гласаат или ќе одбијат да гласаат, но тој не се одзва на нивните повици.
– Последен пат ве повикуваме да им кажете на овие луѓе тука дали ќе гласате или не. За последен пат го повикувам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на нашата импровизирана говорница да се обрати на македонскиот народ. Доколку не сака да се обрати ќе пуштам музика да славам, затоа што, Христијан Мицкоски не сака да се обрати, изјави еден од демонстрантите на микрофон.
По неколку повици и направен отворен пат до импровизираната бина, насобраните граѓани почнаа да негодуваат и да дофрлаат кон Мицкоски.