Демонстрантите го повикаа Иванов да им се придружи, дијаспората порача: Ние сме како војската на Александар Македонски

by fokus

Демонстрантите кои протестираат денеска пред Собранието против уставните измени го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи. Претставници од дијаспората пак порачаа: „Ние сме како војската на Александар Македонски.“

-Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и Иванов да протестира со нас. Да ги предупреди и да не ги продаваат македонското – рече Драган Угриновски од „Македонија блокира“.

Луѓето кои се собраа пред Собранието велат дека се подготвени до одат до крај со нивните протести и барања.

Зад протестот стојат здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“. Во меѓувреме во Собранието секој момент се очекува да почне пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.

Поврзани новости