353
Демонстрантите беа спречени од кордон полиција да стасаат до МВР.
Тие денеска низ центарот на Скопје со пароли „Оставка“,„Убијци“, бараат- Правда за Мартин. Порачаа дека Македонија мора да стане земја во која ќе има правда за сите.
Толпата беше и пред зградата во која живее премиерот Груевски и го повикуваше да излезе надвор.
Меѓу демонстрантите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Поворката ја предводи братот на Мартин, Александар Нешковски и неговата мајка.
„Целата ситуација затаи од врвот на власта, затоа и беа поднесени тие тужби вчера, по 4 години, и нередите кои се случија на протестите на 5. мај се последица на нефункционалноста на институциите“, рече Александар Нешковски.
фото Радио Моф