Демонстрантите бараат владеење на правото и извикуваат „Етничка Албанија“

by lali

„Независно судство со платеник-судија“, „Пресуда по диктат“, „Владеење на правото еднакво на нула“ – вака гласат дел од транспарентите во рацете на неколку илјади луѓе, кои трет пат по ред протестираат пред комплексот судови, кај крстоцницата кај ТЦ „Мавровка“, незадоволни поради првостепено осудените во случајот „Монструм“.

Демонстрантите, кои притоа извикуваат „УЧК“ и „Етничка Албанија“, засега не прават инциденти и не влегуваат во судир со полицијата.

Еден од лидерите на протестот предмалку се обрати пред новинарите, но само на албански јазик.

 

Protest

Поврзани новости