Бедри Ајдари, водач на протестите: Албанските партии да бидат со својот народ!

by lali

Албанските партии да бидат со својот народ, а не со оние што ги дискриминираат Албанците, апелираше претседавачот на координативното тело на протестите и воедно роднина на еден од доживотно осудените во судскиот процес „Монструм“, Бедри Ајдари.

Тој побара оставки од министерката Гордана Јанкуловска и од јавниот обвинител Марко Зврлевски, поради злоупотреба на службена позиција.

Според него, треба да остане без работа и судијата во овој случај, кој бил еден од најмладите и најнеискусните судии.

– Ќе протестираме се додека не ги ослободат од затвор. Бараме само независно судство и правда. Ова го сметаме за парламент на улица – порача Ајдари.

Исто така, тој побара Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет да ги посетат во притвор повредените од претходните протести, кои, како што вели, биле во тешка здравствена состојба.

Поврзани новости