526
Пред хотелот во Тајван каде е сместена претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, се одржува протест на прокинеската група, која се противи на нејзината посета.
Како што јавува Би-Би-Си, некои држеле транспаренти на кои пишува „Оди си дома, воена поттикнувачке“.
Тајванските медиуми јавуваат дека Пелоси утре наутро ќе се сретне со тајванскиот претседател Цаи Инг-вен, пред да оди во тајванскиот парламент, а попладне во музејот за човекови права.
Пелоси е највисокиот американски политичар кој го посетил Тајван по тогашниот претседател на Претставничкиот дом, Њут Гингрич, кој дојде во Тајван во 1997 година.