Британија „нападната„ од мигранти и крадци

by Фокус

Речиси 700 мигранти го преминаа Ла Манш за еден ден со 14 мали чамци, што е рекордна бројка за оваа година, јавува Би-Би-Си.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека 696 мигранти го преминале Каналот, надминувајќи го претходниот дневен рекорд од 651 во април.

Според владините податоци, повеќе од 17.000 луѓе пристигнале во Велика Британија досега оваа година користејќи мали чамци на прометни рути од Франција.

Во меѓувреме, во Британија се бележи зголемување на стапката на кражби на стока, возила и горива во селските средини поради кризата на животниот стандард во Велика Британија.

Според извештајот за руралниот криминал на осигурителната компанија „NFU Mutual“, сумата кон барањата за исплати на осигурувањето поради руралниот криминал во периодот од јануари од март бил поголем за повеќе од 40 отсто отколку во 2021 година.

Во него се предупредува дека растот на цените на прехранбените производи може да доведе до натамошен раст на кражби на говеда и влегување на контаминирано месо во прехранбените синџири.

Поврзани новости