306
Откако го напуштија МВР со намера да стигнат пред Собранието и таму да протестираат демонстрантите поминаа пред зградата на премиерот Груевски. Гласно му извикуваа „Николче диктаторче“.
Денеска, според учесниците на протестот, станало јасно дека власта промовира полициска држава и дека на улиците има десет пати повеќе полиција отколку демонстранти. Буквално сите приоди кон државните институции се затворени.