628
Новата табла која вчера беше поставена на централниот споменик на скопскиот плоштад, на која пишуваше дека Александар Велики припаѓа на античката хеленска историја и на светското културно наследство, синоќа била демолирана.
Поточно, на таблата на македонски, албански н англиски јазик пишува „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.
Инаку, поставувањето на оваа табла е обврска согласно Преспанскиот договор, кој го потпишаа македонската и грчката влада со цел затворање на спорот за името.