Демолиран автомобилот на судијка од Основниот суд

by fokus

Уништене е автомобилот на судијката од Основниот суд Охрид, Билјана Белевска. Како што јави ТВ24, непознат сторител ги искршил двете ветробрански стакла и двете стакла на совозачката страна.

Извори за телевизијата брифираат дека судијката период наназад била мета на постојани закани. Пред неколку месеци избегнала сообраќајна незгода со нејзиното семејство поради ненадејна неисправност на возилото, на двапати  бил обиен и ограбен нејзинот стан, а денешниот инцидент е уште еден во низата. Полицијата досега не расчистила ниту еден од пријавените инциденти.

Од СВР денеска потенцираа дека истрагата допрва ќе треба да утврди дали се работи за обично разбојништво или можеби инцидентите имааат поврзаност со работата на судијката кривичар во основниот суд која работи на најтешки те предмети.

Поврзани новости