Локалните избори се одлагаат, никој не свика собраниска седница

by fokus

Ниту една од политичките партии не поднесе барање за свикување конститутивна собраниска седница, па новите локални избори, чиј последен рок истече денеска, не се распишаа.

Иако СДСМ и ДУИ заедно со БЕСА и Алијанста за Албанците обезбедија парламентарно мнозинство, ниту тие ниту ВМРО-ДПМНЕ не поднеле барање да се свика Собранието.

Зоран Заев и Али Ахмети бараат институционално решение на кризата и веруваат дека под меѓународниот притисок, претседателот Ѓорге Иванов ќе ја смени одлуката и ќе му го даде мандатот за состав на влада.

Двете партии со обезбедените 67 потписи можат веднаш да побараат да се свика седница и да го реализираат планот „Б” односно да состават влада и без мандат од Иванов, но сметаат дека со тоа ќе се предизвикаат дополнителни тензии во услови кога приврзаниците на ДПМНЕ се уште протестираат против новата коалиција.

Партијата на Никола Груевски пак, и натаму инсистира да има нови парламентарни избори кои би се поклопиле со локалните.

Поврзани новости