„Контрадикциите на актуелната Влада на Северна Македонија немаат крај. ДУИ и СДСМ сакаат да ѝ се доближат на Европа со оние што ја оттргнаа од Европа. Каква иронија. Веќе јасно се виде дека одобрувањето на Кривичниот законик е направено за амнестија на кривичните дела на Груевски и Мијалков, две клучни фигури, во чие време на Албанците им се случија многу трагедии“ велат од опозициската албанска партија – Демократското движење.
„Ние неслучајно го поставивме прашањето во кое својство Бујар Османи ја посети Будимпешта и дали се подготвува враќање на Груевски, што секој ден се повеќе се докажува и целата поширока јавност јасно чита, дека ДУИ, единствениот спас го гледа токму во враќањето на Никола Груевски. И што се случи: кривичното дело за масовното прислушување застаре и Мијалков се спаси и од оваа тужба. Сега и официјално ДУИ стана партнер со Груевски и Мијалков токму во време на владењето со СДСМ. Сите овие заедно, за да го урнат уставниот поредок“, велат оттаму.
Од партијата сметаат дека „ДУИ ги наградува нивните деловни партнери“.
Според Демократско движење, во секоја комбинација „(лотариска) тие сакаат да излезат добитници: да останат во влада, но и да ги задржат старите пријатели Груевски и Мијалков“.
„Тие ги направија математиките, но резултатот нема да им биде добар. Според оваа одлука, граѓаните од својот буџет, од своите џебови, ќе треба да му платат и отштета на Мијалков за престојот во притвор. Ова лудило мора да заврши еднаш засекогаш“, велат од Демократското движење.