Демократско движење: „Artan Casino Man“ да ги затвориме казината

by fokus

Затворање на казината, бара Демократското движење на Изет Меџити кое се оддели од владејачката ДУИ од вицепремиерот, Артан Груби кого го нарекуваат „Artan casino man“.

-Дали навистина мисли дека некој му верува на него? Повторуваме уште еднаш, наш предлог е конечно да ги затвораме овие места кои и нанесуваат штета на младината! Дури од утре! Ние предлагаме затворање, Artan Casino Man со неговиот потпис, со негова одлука отвора интернет казино за да го внесе коцкањето во нашите домови, во секој дом, преку интернет. Тоа е разликата! Меѓутоа, ќе бидеме уште малку трпеливи, доаѓа времето кога тој ќе одговара за секоја незаконска одлука што ја направил. Од ова нема спас, велат од партијата.

Поврзани новости