Демократски сојуз: Со „октоподот“ не можеме да се справиме ако не го „удриме“ со чекан по глава

by fokus

Демократскиот сојуз смета дека високиот степен на криминализацијата ги разори сите институции, станаа зависни од криминалните структури во партиско – државниот врв, поради што и натаму земјата тоне во се подлабока криза и неизвесност.

– Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое треба да се справиме на ефикасен начин. Со овој “октопод“ не можеме да се справиме, ако не го „удриме“ со чекан по главата. Најдобра слика за криминалот во кој западна државата ни испраќа Парламентот, каде под стегите на организираниот криминал, истиот го блокираа изборот на претседател на Парламентот и избор на нова Влада на Република Македонија, без да има механизам за одговорност на опструкторите на демократските процеси, се вели во соопштението.

Тие потсетуваат дека со тоа што Ѓорге Иванов не го дава мандатот за влада и натаму го крши Уставот и ја злоупотребува службената положба, а со образложението, зошто не го дава мандатот, директно поттикнува на меѓунационален разор и нетрпеливост.

– Во ваква состојба, Демократскиот сојуз, смета дека треба да профункционира широк народен демократски фронт, кој ќе овозможи мирен трансфер на власта и ќе се справи со новопечените богаташи, нарко босови и олигарси, кои ја урнаа државата и надежта на младите генерации, се вели во соопштението.

Поврзани новости