Еден од напаѓачите минале и низ Македонија?

by Фокус

Носителот на сириски пасош, кој бил најден до телото на еден од напаѓачите пред стадионот Стад Де Франс во Париз, „на 7 октомври оваа година бил регистриран на граничниот премин Прешево на македонско-српската граница, соопштија српските власти.

Тој таму официјално побарал азил. Грчките власти потврдиле дека документот за патување преку островот Лезбос бил издаден на 3 октомври, што значи дека тој секако минал и низ Македонија.

Ова е информација која е дел од проширената истрага во Европа по терористичките напади во Париз што се случија на 13 ноември.

Координираните напади на 13 ноември погодија шест различни локации во францускиот главен град, вклучително концертна сала, стадион, ресторани и барови. Убиени се најмалку 129 луѓе и повредени повеќе од 350, од кои 99 се во критична состојба.

Поврзани новости