408
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов побара државните институции да направат вонреден инспекциски преглед за да се проверат информации дека во Дрисла се гори комуналниот отпад, а потоа се покрива со земја.
„Во текот на ноќта но и денес, голем број на загрижени граѓани предупредија на ширење на загаден воздух и чад од Депонијата Дрисла каде што во текот на изминатата ноќ, константно имало пламени од чад и дим“, соопштија од ДС.